Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги осуди империјалистичките амбиции на рускиот претседател Владимир Путин.

„Руската инвазија е тоа што се случува кога големите сили ќе одлучат дека нивните империјални апетити се поважни од правата на нивните мирни соседи“, напиша тој на Твитер.

„И тоа е слика на можен свет на хаос и немир во кој никој од нас не би сакал да живее“, додаде американскиот секретар за одбрана.