Вкупно 109 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје, од кои 58 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, девет мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.