Рано утрово во 04.05 часот во СВР Велес 33 годишниот Б.К. од Велес пријавил дека во правен субјект – дисконт на улицата „Браќа Капчеви“ во близина на Стар Мост во Велес затекнал едно лице кое влегло со употреба на сила и му се заканило со остар предмет, информираат од СВР Велес.
Според пријавеното, било утврдено дека лицето одзело пари од касата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од СВР Велес.