На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции.

Изречени се осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции, како што информираа од МВР, за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за користење мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.