На улица „Перо Наков“ во Скопје, денеска е приведен Џ.Џ.(21) од Штип, кој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување казна затвор од две години и два месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 383 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната.