На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници вчера го привеле Р.Н.(37) од Скопје, кој бил баран по потерница за издржување казан затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.