Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.С.(64) и Т.Г.(65) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 2016 година, Б.С. како одговорно лице во правен субјект за проектирање и инженеринг од Свети Николе и Т.Г., вработен како надзор во правно лице од Кавадарци постапиле спротивно на договорот за јавна набавка за уредување на излетничко место и на основниот и техничкиот проект. Правниот субјект од Свети Николе не ги извршило сите градежни работи, а надзорниот орган го одобрил проектот и покрај тоа што не биле завршени сите работни задачи. На ваков начин тие ја оштетиле општината во вкупен износ од 1.569.657 денари.