Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи.
Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.