На 20.08.2022 во 11:30 часот било пријавено дека во с. Тимјаник-неготинско, И.Ѓ.(61) од Демир Капија, вработен во фирма од Неготино, при изведување на работни задачи, се здобил со повреди и починал.

Со Итна медицинска помош од Неготино бил пренесен во Општата болница во Кавадарци каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен е увид од екипа од Полициската станица Неготино, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.