Од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар денеска околу 12:45 часот на булевар „11-ти Октомври“, на автобуската постојка на Зелен пазар, бил лишен од слобода С.И.(55) од Скопје при обид да одземе паричник од лице кое влегувало во автобус.

Тој бил задржан во полициската станица Центар, известен е Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.