При акциска контрола на територијата на СВР Штип во текот на вчерашниот ден санкционирани се 86 возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната.

Од нив, како што наведуваат од МВР, едно возило се движело со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 37 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.