За санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, во текот на вчерашниот ден во периодот од 08:00 до 12:00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија.

При контролата, информираа денеска од МВР, санкционирани се 37 прекршоци, од кои 26 поради неисправен уред за запирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранете евентуалните недостатоци, наведуваат од МВР.