Полициски службеници од СВР Штип, вчера во 17:00 часот го привеле триесетгодишниот штипјанец Ш.Н., кој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор.

-Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба“. По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информираа од МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.