На 01.09.2022 во 22.49 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од воздушна пушка во ногата била донесена А.М.М.(26) Скопје, со кои се здобила додека се движела пеш од ул.„Стале Попов“ кон ул.„Пролет“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.