Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници на СВР Тетово синоќа од 22 часот до 4 часот изутринава спровеле акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

Во контролата, како што посочуваат од МВР, биле санкционирани 16 пијани возачи (ТЕ-9 и ГВ-7). Сите возачи-прекршители исклучени се од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци. Покрај ова, санкционирани се и 20 други видови сообраќајни прекршоци ((ТЕ-12 и ГВ-8), информираат од МВР.

Од Секторот за внатрешни работи апелираат возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, бидејќи ќе ја доведат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, да не возат пребрзо и целосно да ги почитуваат важечките сообраќајни правила и прописи на патиштата и улиците.