Во текот на вчерашниот ден (13.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не дале првенство на минување, при што санкционирани се 52 возачи. Од нив, 19 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Битола... Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.