Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје доцна синоќа, во 23.50 часот, во населбата Керамидница го лишиле од слобода А.М. (24) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по две централни потерници од Основен кривичен суд Скопје и Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување казна затвор од три години, а бил осуден на вкупно четири и пол години затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

А.М. е спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.