Тројца малолетници од скопско Волково, од Скопје и од село Ново Село вчера во 04.25 часот се приведени во скопското село Ново село вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров поради сомнение дека сториле кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Кај еден од малолетниците, информираа од МВР, бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело „тешка кражба“.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.