Пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода 31-годишниот тетовец С.С., кој пред тоа извршил кражба во тобако на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово.
Како што информираат од МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.