Вчера во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Никола Карев“ во Скопје, И.М.(42) од село Чифлик, скопско, управувајќи автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во електронска рампа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничката С.Б.(43), а со телесни повреди се здобила патничката М.А.(32), двете од село Долно Соње, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.