На регионалниот пат Удово – Демир Капија, во близина на село Градец, синоќа во 18:50 часот полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ го привеле 23-годишниот М.А. од Лозово. Тој бил забележан од полицијата како со возило „волво“ со италијански национални ознаки превезува мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода, информираат од МВР.
Во возилото биле пронајдени шест лица, сите мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
–М.А. е приведен во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од МВР.