Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник од Арачиново за продолжено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-Осомничениот во повеќе наврати, на различни локации во Скопје и на различни лица – сведоци им продавал наркотична дрога – кокаин во пакувања од 0,28 грама за сума од 2.000 до 2.400 денари по пакување, соопшти државното Јавно обвинителство.

Бидејќи осомничениот и претходно бил осудуван за исто кривично дело, надлежниот јавен обвинител, како што информира ЈОРСМ, оцени дека постои опасност тој да избега за да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​