На 06.10.2022 во 19.10 часот во гостиварско село, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот М.А., затоа што кај него биле пронајдени марихуана и дробилка и затоа што претходно физички ја нападнал и со остар предмет се заканил на неговата 45-годишна мајка.

По целосно документирање на случајот против М.А. ќе следува соодветен поднесок.