СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(52) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и „загрозување на сигурноста по пат на информатички систем“. На 12.04.2022, пријавениот, во објава на својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил содржини со заканувачка содржина кон жител од тетовско.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(44) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 12.06.2022, по објавен текст на социјална мрежа Facebook, од својот профил објавил пост со недолична и заканувачка содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.