Околу 13:45 часот вчера во Полициската станица Центар било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ со тешки телесни повреди била донесена В.Д.(56) од Скопје.
Според пријавеното, околу 07:50 часот, додека управувала велосипед кон работното место, на подрачјето на Центар била нападната од куче скитник, по што паднала и се здобила со повреди.
Полициски службеници излегле на местото на настанот.