Денеска во 09.00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода малолетник од Струга. Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба“ во канцеларија во Општинa Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. Малолетникот бил задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор. За случајот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По негово целосно документирање, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.