СВР Штип поднесе кривична пријава против Ц.Д.(34) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност на луѓето“.
На 26.03.2022 во месноста „Суви дол“, атар на Пехчево, пријавениот предизвикал пожар кој се проширил во блиската дабова шума и предизвикал поголема штета на млади насади и шумски култури во катастарски парцели сопственост на Република Македонија во висина од 3.600.000 денари.