СВР Охрид поднесе кривична пријава против С. Г. (32) од село Велгошти, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 08 септември 2022, пријавениот со писмен договор се обврзал за извршување градежни работи – реконструкција на куќата на едно лице, при што примил парични средства во износ од 92 илјади денари, но не започнал со градежни активности, со што го довел во заблуда оштетениот.