Во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача, полициски службеници од ОВР Кичево вчера го лишиле од слобода Б.В.(24) од Кичево. Тој бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со џип.
Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција, а потоа нападнал службеник на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.