СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Д.(61) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
По објавен текст на еден интернет портал, тој од својот фејсбук-профил постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.