Охридската полиција вчера го лиши од слобода З.И. (41) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети.
Како што информира денеска МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.