Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 17 часот на улицата „Вера Циривири-Трена“ во Тетово, со судска наредба, го лишиле од слобода 25-годишниот тетовец С.И. за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, информираа денеска од МВР.