Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден полицијата изрече санкции на 158 возачи.
Како што соопштува МВР, од нив шест возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 82 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.