СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(19) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’.
На 02.12.2022, пријавената се пријавила на излез од Република Северна Македонија и од извршените проверки било утврдено дека поседува фалсификувана италијанска лична карта и италијанска здравствена легитимација, за кои изјавила дека ги набавила од непознато лице за 1.000 евра.