МВР информира дека утрово, во 02.50 часот, на ул. „Борка Талевски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.З.(30) од Куманово.
-Тој бил затекнат при обид да изврши кривично „тешка кражба“ во помошен објект од куќа сопственост Б.Ј.(42) од Скопје, соопштуваат од полицијата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.