ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.М.(40) од струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
На 18.07.2022, пријавениот со семејството отишле во домот на оштетениот и од него барале пари како надомест за развод на нивните деца.
Притоа, тој упатил закани кон оштетениот, со што изнудил и добил 5.000 евра.