Вчера во 11:15 часот во ОВР Крива Паланка, 71-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 800 евра.

Според пријавеното, лицето се претставило дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да и продаде некои производи.

Откако му ги дала парите лицето заминало, а оштетената забележала дека производите не се од компанијата и дека недостасува еден пакет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.