На 21.12.2022 во Полициската станица Центар било пријавено дека во 09:55 часот на улица „Иљо Војвода“ бил пронајден починат Н.С.(51) од Скопје.
Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.