Во рамки на акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со брзина поголема од дозволената, полицијата санкционираше 147 возачи.

Како што информира МВР, од нив тројца управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 82 надвор од населено место.

Од полицијата најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.