Во велешкото село Бузалково, вчера, во 17 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода М.А.(30) жител од тоа село.
Тој бил осуден на казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување една година и два месеца од казната.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, соопшти МВР.