Денеска во 09.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Ц.(61) од Велес.

При преглед кај него на Градскиот пазар во Велес и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени вкупно 842 парчиња пиротехнички средства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.