Полициски службеници од Полициска станица Драчево на местото викано „Маркова Сушица“во петокот околу 18:50 часот ги лишиле од слобода С.Б.(30) и Е.Б.(26), двајцата од село Цветово, поради превезување бесправно исечени огревни дрва.

Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи, полициските службеници запреле патничко возило „лада“, натоварено со огревни дрва без соодветна документација, при што С.Б., кој го управувал возилото и неговиот совозач Е.Б., се дале во бегство, но набрзо биле фатени.

– Двете лица биле приведени во полициска станица, а возилото е предадено за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.