На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 92 мерки во контролите што ги спроведува МВР во областа на сообраќајот. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина се 38 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол…
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.