На 10.01.2023 во 17.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Д.(34) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.