Во Полициската станица Велес, вчера во 15,30 часот 60-годишен жител на општина Чашка пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, според пријавеното, лицето му се јавило и му побарало услуга, а требало да се договорат во Скопје, каде што лицето имало магацин.

– Според пријавеното, лицето побарало од него, при доаѓање во Скопје, да се сретне со друго лице и да му даде 18.500 денари, кои ќе му ги врател кога ќе се сретнат. Како што е пријавено, откако ги дал парите и пристигнал во Скопје повеќе пати се обидел да стапи во контакт со лицето, но не му било одговорено на повиците, по што сфатил дека бил измамен, појасни Самарџиев.

Тој нагласи дека полицијата работи на расчистување на случајот.