Во акциската контрола што ја спроведе МВР во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава санкционирани се 191 возач. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 84 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од МВР.