Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 299 возачи.
Од нив, информираа денеска од МВР, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 153 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.