На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица вчера била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 131 прекршок, од кои 87 на подрачје на Струмица, 24 на подрачје на Радовиш, 15 на подрачје на Валандово и пет на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани, соопшти МВР.