Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.П.(32) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
На 31.08.2022 во Министерството за образование и наука, пријавената поднела барање за спроведување постапка за признавање и еквиваленција на странска високообразовна квалификација, а како доказ приложила диплома со невистинита содржина издадена на 12.10.2020 од универзитет во Тирана, Република Албанија.