Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Г.Х.(60) од Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, „неовластено навлегување и оштетување на компјутерски систем“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Пријавениот, на Градскиот пазар во Кочани одзел платежна картичка од едно лице, по што во неколку наврати со неа подигнал пари од банкомат. Исто така, при легитимирање на полициски службеници приложил лична карта на друго лице.